Министерството за внатрешни работи информира дека на 02.12.2022 (петок) поради најавено одржување на протест со почеток во 06.00 часот, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Посебен сообраќаен режим има на бул „Илинден“, од крстосницата на бул „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со бул.8-ми Септември и околните улици.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.