МВР вчера во однапред поставена заседа на регионалниот пат кој ги поврзува готиварските села Ломница и Неготино, во близина на месноста Кисела Вода заплени 6,5 килограми непозната прашкаста материја, за која се претпоставува дека е марихуана.
Полицијата се обидела да запре две непознати лица за кои се претпоставува дека се државјани на Албанија, но тие побегнале кон шумата во близина.
Едниот од нив се ослободил од ранецот, во кој покрај дрогата, имало и цигари, тутн, запалка и таблети.
Марихуаната потекнува од Албанија и преку Македонија и Грција требало да биде пренесена во западноевропските земји.