МВР вели дека Спасовски нема сопственост во „Пин петрол“ и најавува тужба за ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи ги демантира лагите објавени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за наводна сопственост на министерот Оливер Спасовски на комплексот „Пин петрол“ во Куманово и наводен конфликт на интереси околу добивањето на дозволите за работа.

„Ниту министерот Спасовски ниту член на неговото семејство нема каква било сопственост во оваа компанија, ниту во којабило друга, ниту во минатото ниту денес. Покрај тоа, согласно законските прописи, секое правно лице кое што ги исполнува условите, има право да аплицира за добивање на овластување за станица за технички преглед. Условите се пропишани со Законот за возила. Овластувањето за вршење на технички преглед на возила го издава МВР, додека Овластувањето за идентификација и идентификација и оценка на техничката состојба го издава Министерството за економија. Таков е и случајот со Пин петрол, МВР и во овој случај, како и во сите други случаи, постапува согласно законите“, велат од МВР.

Министретсвото бара партијата ВМРО-ДПМНЕ да се извини за лагите кои ги пласира, а доколку тоа не биде сторено, ќе биде поднесена тужба пред надлежниот суд.