МЗ: 78 отсто од новите случаи и 80 отсто од хоспитализираните со Covid-19 се невакцинирани

Министерството за здравство соопшти дека ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Covid-19, во период од 6-ти август заклучно со 23-ти септември. За вакцинирани, како што се посочува, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

„Во период од 6-ти август до 23-ти септември на територија на државата 32.818 граѓани се позитивни од тестирани на Covid-19, од кои 22 отсто биле целосно вакцинирани, односно 7.248 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Covid-19. Според статистика за изминативе недели, 25.570, 78 отсто граѓани, од позитивните на Covid-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 80 отсто, додека само 20 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема#, покажува анализата.

Во споменатиот период, како што се наведува во анализата, починале 1033 лица со Covid-19, 888 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 14 отсто примиле вакцина.

„Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на ‘Moderna’ и ‘Jensen’. Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, посочуваат од Министерството и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.