Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.365 тестови, а се регистрирани нови 494 случаи на Ковид-19. Во: Скопје – 251, Битола и Охрид – по 38, Куманово и Велес – по 23, Тетово – 19, Прилеп – 17, Кавадарци – 11, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Кочани – 7, Струга – 6, Штип и Крива Паланка – по 5, Струмица, Неготино и Радовиш – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, Делчево, Берово, Валандово, Виница и Пробиштип – по 2, Кичево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (494), има 105 реинфекции.
Евидентирани се 276 оздравени пациенти од: Скопје – 159, Куманово – 22, Битола -19, Кавадарци – 11, Велес и Струмица – по 8, Охрид, Тетово и Гостивар – по 7, Штип – 5, Прилеп – 4, Кочани и Радовиш – по 3, Кичево, Ресен, Валандово, Демир Хисра и Дојран – по 2, Гевгелија, Неготино и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.094.710 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 317.634, на оздравени пациенти е 305.988, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 2.309.