На 108 години почина мајката на покојниот американски сенатор Џон Меккејн

Роберта Меккејн, мајка на покојниот американски републикански сенатор Џон Меккејн, почина во 108-та година од животот, објави во вторникот нејзината снаа Синди Меккејн.

Роберта Меккејн беше забележителна честопати на Капитол Хил и на собирите во текот на претседателската кампања на нејзиниот син во 2008 година.

Меккејн, сенатор до сојузната држава Аризина, во текот на кампањата често беше испитуван во јавнсота за неговата подготвеност за Белата куќа, како потенцијално најстар претседател. Тој тогаш укажуваше на својата енергична мајка, тогаш на 96 години, како пример на долговечност во неговото семејство.

„Од двајцата родители научив да бидам истраен. Но неверијатната отпорноста на мојата мајка ја направи уште посилна коа сранува збор за нив двајцата“, напиша репибликанскиот кандидат за американски претседател во мемоарите од 1999 година.

Во својата книга ја нарече „природна раскажувачка“ и ѝ се заблагодарува што му ги освежила сеќавањата за тие мемоари. „Беше екстровретна и незадржлива“, напиша Џон Меккејн.

Роберта Меккејн со своите 108 години беше сведок на важните моменти од американската историја. Родена во 1912 година, живеела во времиањата на Првата свеска војна, пандемијата на шпанскиот грип, Големата депресија, Втората светска војна, Виетнамската војна падот на Берлинскиот ѕид, падот на комунизмот и распадот на СССР, нападите од 11-ти септември 2001-та, другите американски војни и почетокот на пандемијата на короанвирусот.

„Не можев да има подобар пример и пријателка“, напиша Синди Меккејн, вдовицата на Џон Меккејн, на својот профил на Twitter.

Роберта го надживеа својот син кој почина во 2018 година во 81-та година од животот, од тумор на мозокот.