На 28 април треба да пристигнат 200 илјади кинески вакцини

На 28 април во Македонија треба да пристигнат сите 200 илјади кинески вакцини потврди денеска Венко Филипче, министерот за здравство.

Претходно, на 19 и на 26 април треба да пристигнат по 10 илјади вакцини од производителот „Фајзер“, вчера соопшти Филипче.

До вчера во Македонија имаше 30 илјади вакцинирани граѓани, а денеска почна вакцинацијата на лицата под 75 години.