На 92 години се венча поранешниот шеф на Fox, Руперт Мардок

Поранешниот претседател на медиумската корпорација Fox, 92-годишниот Руперт Мардок, се сврши со својата девојка Елена Жукова, изјави во четвртокот неговиот портпаролот.

Венчавката ќе се одржи во Калифорнија, на лозјето на Мардок и имот Морага, беше додадено во изјавата.

Весникот The News York Times, koj прв ја објави веста, пишува дека Жукова, која е од Москва, има 67 години. Таа е пензиониран молекуларен биолог со кој Мардок почнал да излегува минатото лето.

Мардок се повлече во септември минатата година, завршувајќи ја седумдецениската кариера која започна во бизнисот со австралиски весници на неговиот татко и кулминираше во една од највлијателните медиумски империи во светот.

Мардок, кој има шест деца, прво беше оженет со Патриша Букер, австралиска стјуардеса, од која се разведе кон крајот на 1960-тите.  Тој и неговата втора сопруга Ана, новинарка, беа заедно повеќе од 30 години пред да се разведат во 1999 година. Неговиот трет брак со Венди Денг заврши во 2013 година.