Прославениот италијански дизајнер Ренато Балестра почина во саботата вечерта во Рим во 99-та година од животот, објави весникот La Repubblica повикувајќи се на потврдата од неговите ќерко Фабијана и Федерика.
Според оваа информација, во која не е наведена причината за смртта, погребот на еден од основоположниците на италијанската модна сцена ќе биде спроведен во вторник во Рим.
Балестра е роден на 3-ти мај 1924 година во Трст. Во младоста го привлекувале сликарството, музиката и сценографијата. За модата се заинтересирал случајно, кога како студент по инженерство за облог направил успешна скица на облака.
На 30-годишна возраст, Балестра се преселил во Рим. Страсната љубов кон филмот го навела да создаде сценски костими за тогашната холивудска ѕвезда Ава Гарднер, како и за славните Џина Лолобриџида, Софија Лорен и други познати италијански актерки.
Во 1958 година модниот дизајнер првпат ги преставува своите колекции во САД. Наскоро дебитира во Холивуд, каде што почнува да работи со познатите актерки како За За Габор, Тина Луиз, Џоан Бенет и Натали Вуд.
Една година подоцна, во 1959-та, кога го отвора своето прво модно ателје во Рим, се прославува како омилен дизајнер на филмските ѕвезди. Меѓу неговите постојани клиенти биле особено Елизабет Тејлор, Клаудија Кардинале и Ивон Фурно, како и членовите на некои кралски семејства.
Следните години брендот „Renato Balestra“ стана важен чинител на италијанската мода. Модниот дизајнер предлагаше исклучително оригинален стил, истакнувајќи ја природната убавина, додека сите негови креации се одликува со највисок квалитет на кројот.
Како што потсетуваат италијанските медиуми, кои Балестра го нарекуваат мајсторот на синото и моден уметник, тој ја создал техниката „сликање со вез“, во која долги години експериментирал со различни материјали, сликајќи на сите видови ткаенини.