Патниците на двата наголеми германски аеродрома, во Берлин и во Хамбург се соочија со нарушување во редот на летањето, бидејќи обезбедувањето и персоналот на земја во понеделникот спроведуваат еднодневен штрајк поради платите.
Аеродромот Берлин-Брандебург соопшти дека сите заминувања се откажани, а некои летови на доаѓање, исто така, ќе бидат засегнати откако синдикатот Verdi свика штрајк на персоналот кој работи на обезбедувањето до полноќ. Портпаролот на аеродромот изјави дека се предвидени полетувања на околу 240 авиони,
Вработените на приватната компанија „Aviation Handling Services Hamburg (AHS)“, којашто се занимава со пријави на летовите, товарењето и загубени и пронајдени предмети за многу воздухопловни компании, вклучително и најголемата германска „Lufthansа“ на аеродромот во Хамбург, исто така, организираат еднодневен штрајк, Се очекува дека тоа нема да влијае на пристигнување и летовите на другите компании, соопшти аеродромот.
Во AHS во понеделникот треба да обработат 84 пристигнувања од вкупно 160-те во понеделникот, а до 9 часот утрото по локално време бил веќе откажан 31 лет на пристигнување.
Синдикатите вршат притисок барајќи повисоки плати за да ги надоместат растечките животни трошоци. Минатата седмица со штрајковите беа погодени аеродромите во Диселдорф, Хамбург, Келн-Бон и Штутгарт. Извршниот директор на здружениот на аеродромите ADV, Ралф Бејзел, изјави дека синдикатите го користат своето право на организираше предупредувачки штрајкови пред арбитражата до апсурдни размери.