На јахта уапсен најпознатиот бизнисмен на Малта за убиството на новинарката

Полицијата на Малта денеска го уапси најпознатиот бизнисмен во земјата, Јорген Фенеч во рамките на истрагата за убиството на новинарката Дафне Карун-Галиција.

Фенеч е уапсен на неговата јахта, осум километри северно од Валета. Полициската акција уследи откако властите на Малта соопштија дека ќе го помилуваат човекот кој е осомничен дека посредувал во убиството за Карун-Галиција доколку признае кој е нарачател на убиството.

Карун-Галиција која пишуваше блог за корупцијата, убиена е во Валета 2017 година откако под нејзиниот автомобил беше поставен експлозив. За нејзиното убиство досега се осомничени три лица.