На Американците ќе им биде потребна трета доза од вакцината против Covid-19

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да објави дека на повеќето Американци кои ги примиле двете дози од вакцините против коронавирусот ќе им биде потребна и трета доза, објави дневниот весник The Washington Post повикувајќи се на неименувано но добро известени извори.

Причината за тоа е обидот да се зајакне имунитетот на Американците соочени со високозаразната делта варијанта на коронавирусот.

Здравствените и научни стручњаци сметаат дека третата доза ќе биде потребна осум месеци по примањето на втората. Одлуката за тоа во Вашингтон би можела да биде објавен уште оваа седмица.

Примената на третата доза на вакцината веројатно нема да почне предсредината или крајот на септември, бидејќи прво мора да ја одобри Агенцијата за храна и лекови (FDA). Американската фарамцевстка компанија „Pfizer“, која ја разработи вакцината со германската битехнолошка лабораторија „BioNTech“, веќе поднесе барање за аплицирање трета доза, што несомнено дополнително ќе ги зголеми нејзините енормни заработки.

Заклучокот дека широкото јакнење на имунитетот ќе биде потребно беше усвоен по интензивните дискусии меѓу научниците кои ги проучувале податоците за ширењето на коронаинфекциите и ефикасноста на вакцините во САД и во други земји.

Минатата седмица водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека „веројатно“ е оти секој во одреден момент ќе има потреба од третата доза навакцината.

Прашањето на таканаречената „бустер“ дозата е чувствително, меѓутоа за неа сѐ повеќе почна да се зборува откако заразноста на делта варијантата на коронавирусот ги изненади научниците. Сепак, истовремено ја доведе во прашањето на ефикасноста на вакцините, иако сите производители се повикуваат на испитувања кои покажуваат ефикасност и против делта варијантата.

Но сѐ повеќе студии ги покажуваат податоците дека имунитетот стекнат со вакцинирањето слабее со текот на времет, но научниците засега нерешително се изјаснуваат за тоа, бидеќи сѐ уште настојуваат да уверат голем број луѓе да се вакционираат и со регуларните две дози. Покрај тоа, не се сигурни во која мера слабеењето на имунитетот може да го припишат на изминувањето на времето, а колку на варијантите на вирусот.