СДСМ ќе го паметат по рушењето на споменикот на Ќосето, рушењето на оградата пред Владата, тунелот под Калето и други „проекти, истакна Антонио Милошоски во емисијата „Само вистина“.
Тој потсетува дека на автопатот Кичево-Охрид ќе пораснат компири бидејќи изградбата е запрена.
„Тие сакаат да зборат што било пред четири години, тој снег се стопи.СДСМ се мајстори за изговори.Македонија има одлични градежни инжинери како и Кина. Би бил многу наивен ако поверувам дека Кинезите го згрешиле автопатот а го направиле Кинескиот ѕид. Единствено што не можеа да се договорат кој да биде подизведувач. Автопатот беше добро проектиран“, рече Милошоски во емисијата „Само вистина“.