Кризата поради корона вирусот им зададе тежок удар по финансиите на најбогатите Австријци кои изгубија милијарди евра.
Австрија во моментов има 41 милијардер, а последиците од кризата врз курсот на акциите и дивидендата одиграа голема улога во намалување на нивното богатство.
Според годишните пресметки, нивниот имот е намален за дури девет отсто, односно за 15 милијарди, и сега тој изнесува 155 милијарди евра. Меѓутоа, најбогатите Австријци не мора да бидат загрижени.
Овогодишната листа од 100 најбогати ја предводат семејствата Порше и Пих, чиј имот се проценува на 34,8 милијарди евра.
Во споредба со претходната година тие забележале загуба од 2,2 милијарди евра.
Основачот на Ред Бул се наоѓа веднаш по нив на оваа листа со имот од 14,7 милијарди евра, иако претрпи загуба од околу една милијарда.
Вакви слични загуби претрпија речиси сите кои се најдоа на листата 100 најбогати Австријци.