На Богородица откриени 97 мигранти во товарно возило

Возилото, како што денеска соопшти Царинската управа, било натоварено со фолија за пакување кафе од грчки извозник, наменета за увозник од Србија.

Лицата се предадени на Министерството за внатрешни работи за нивно натамошно постапување.