Сообраќајот на државните патишта во понеделникот утрото се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради зголемена фреквенција на возила на Граничен премин Табановце за влез во Македонија, времето на чекање е околу 45 минути. На преминот Богородица, времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите премини, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.