На бугарските глупости/ провокации им нема крај -Фондацијата „Македонија“ собира пари да го основа ФК Вардар-бугарски кој ќе игра во македонска лига

Бугарската пропаганда во Македонија не запира. Фондација на контроверзниот Виктор Стојанов најави дека ќе регистрираат бугарски фудбалски клуб наречен ФК Вардар – бугарски, како македонскиот најтрофеен и најпознат клуб.

Тие веќе се пофалија со логото на клубот кое е исто како на Вардар но со бугарското знаме. Според нивните пишувања, тие веќе почнале да собираат пари за да дојдат до сопствеништво на некој актуелен тим од Македонија, но засега немаат решено дали тоа ќе биде екипа од Третата или од Четвртата лига.

Во еден од коментарите во неговата објава на Фејсбук, Виктор Стојанов смета дека не е провокација што што ќе се формира бугарски клуб во Македонија. Како што пишува тој во Македонија имало 30 албански екипи, па нормално било да има и бугарски клуб.

Преговорите со потенцијалните продавачи, наводно, веќе се во тек и наскоро ќе биде познато името на клубот, кој отворено ќе се декларира како бугарски и како претставник на Бугарите на наша територија.

Како што велат самите, тоа би бил прв бугарски клуб во Македонија по 1944 година, без да се наведе кои биле нивни тимови дотогаш, мислеји се на период за време на Втората светска војна кога Бугарите биле „администратори“ како што велат самите, односно окупатори како што била вистинската слика во реалноста. Од организацијата планираат буџет од 15.000 евра за првата сезона, од кои на располагање веќе имаат 5.000 евра, а се надеваат дека останатата сума ќе ја обезбедат преку донации.