По пет години владеење да се повикуваш на гревовите на претходникот е несериозно. Не ми е гајле колку стана имал Груевски, напиша на својот Фејзбук профил професорката Мирјана Најчевска.
Гајле ми е дека:
– е надвор од државата со парите украдени од граѓаните.
– никој не одговараше затоа што побегна.
– не е вратен ниту денар од украдените пари.
– уште има вработени кои примаат плата а не работат.
– уште долговите за вода не застаруваат, а крадењето на функционерите застарува.
– уште стојат сите монструозни градби од Скопје 2014.
– уште сме најзагадена држава во Европа и пошироко.
– уште сме најнеписмени.
– уште произведуваме струја од јаглен.
И гајле ми е дека сме единствена држава во која не е вакциниран ниту еден промил од граѓаните – пишува Најчевска.