Најдени 25 тела по пожарот на бродот во Калифорнија

Нуркачите во понеделникот во текот на денот пронашле 25 тела откако потона бродот кој изгоре во понеделникот утротто во влизина на островот Санта Круз крај брегот на јужна Калифорнија, пренесуваат медиумите, но сѐ уште нема официјални информации.

Бродот „Conception“, долг 22 метри и наменет за нуркачки излети, потона на 20 метри од островот Санта Круз, додека пожаниркарите во текот на претпладнето се обидуваа да го изгаснат пожарот во кој во понеделникот изгоре трупот на бродот над површината на морето, пренесува агенцијата Associated Press.

Агенцијата и телевизиската мрежа CBS News повикувајќи се на свои извори пренесуваат дека се пронајдени 25 тела, но сѐ уште нема официјална потврда за оваа информација. Претходно локалниот телевизиски канал KTLA јави за 34 жртви.

Според портпаролката на американската Крајбрежна стража, Монака Рочестер, на комерцијаланото пловило наменето за нуркања на егзотични дестинации се наоѓале 39 лица, а петте членови на екипажот успеале да се евекуираат, според некои медиуми скокајќи во морето. Рочестер изјавила дека пожарот избувнал пред мугрите, екипажот се разбудил и успеал да се спаси, додека другите во тоа време споеле во потпалубата.

Крајрежната стража претходно објави дека „бродот бил потполно исправен“ и оти густата магла во понеделникот ја отежнувала операцијата за спасување. Додека дека на местото на настанот биле испретени голе број луѓе кои го пребаруваат морето, во што имаат и поддршка од хеликоптер.