Пронајдени се телата на шест жртви во вулканската ерупција на Белиот остров, објави ноќта кон петокот по македонско време на Twitter новозеландската полиција.
„Телата на шест загинати (за време на ерупцијата на вулканот) бе откриени на Белиот остров и во моментов се транспортираат со партолниот брод ‘Велингтон’“, се вели во објавата на полицијата.
Ерупцијата на вулканот на Белиот остров, во заливот Пленти, на 270 километри јужно од Окленд, се случи на 9-ти декември. Според податоците на полицијата, во времето на ерупцијата имало 47 лица. Од нив 24 се од Австралија, деветмина од САД, петмина од Нов Зеланд, четворица од Германија, по двајца од Кина и Велика Британија и едно од Малезија. Туристите го посетуваат островот кој е во приватна сопственост повеќе од 30 години.
Покраиј осумте починати, од кои седум во болнциите, уште осум луѓе се водеа како исчезнати на островот, но подоцна беа прогласени за мртви и започна операцијата на потрага по нивните тела. Бројот на мртвите би можел да се зголеми бидејќи 29 лица се наоѓаат на одделите за интензивна нега во неколку болници низ земјата.
Во моментов 17 настрадани се згрижени на одделите за интензивна нега во болниците на Нов Зеланд, од кои 13 се во критична состојба со изгореници од над 30 отсто од површината на телата. Единаесет се префрлени во Австралија, а три лица се отпуштени од болниците.
Белиот остров, односно Вхакаари на маорски јазик, се наоѓа во Пацифичкиот огнен прстен, подрачје во кој се случуваат најголемиот број силни земјотреси и вулкански ерупции на планетата. Вулканот на Белиот остров е еден од најактивните вулкани на Нов Зеланд и е истовремено популарна туристичка дестинација. Иако почвата често трепери, последните ерупции се регистрирани кон крајот на 2012 и почетокот од 2013 година, последната смртоносна ерупција се случила 1914 година, кога загинале 12 рудари.