На детската клиника пристигнаа бесплатните сензори за мерење на шеќер во крвта кај децата

Јана и Јована Симоски, ги добија новите сензори за континуирано и безболно мерење на нивото на шеќер во крвта.

Јана веќе 11, а Јована 12 години има дијабетес, а со ова велат дека ќе им се олесни животот. Наместо вообичаеното боцкање, процедура која е деноноќна и стресна и за децата и за родителите, по долгогодишни барања пацеинтите со дијабет 1 ја добија битката. Стручен тим им ја го објасни начинот за користење на сензорите. Тие се поставуваат на надлактицата и се поврзуваат со електричен уред или мобилен телефон, а на тој начин потадоците за вредностите на гликемикте се достапни во реално време.

Со помош на сензорите, покрај оддржување на гликемијата се превенираат и акутни состојби кај дијабетесот како хипогликемија и хипергликемија, а се овозможува родителите да ја мерат и ноќната гликема без да ги будат децата. Министерот за здравство, Фатмир Меџити, информира дека набавени се сензори за 650 пациенти, наменети за деца и млади до 18 години со дијабет тип 1, бремени жени со дијабет тип 1, слепи лица, а останатите сензори ќе бидат доделени на Универзитетската клиника за ендокринологија.

Овие сензори беа промовирани во УК за детски болсти во пресрет на 14 ноември- меѓународниот ден на дијабетес, кој станува официјален во 1991 година, по роденденот на Сер Фредерик Бантинг кој го открива инсулинот.