Челникот на партијата Брегзит, Најџел Фараж, повторно ќе иницира формирање партија под името Reform UK, чијашто цел ќе биде укинување на некои мерки за справување со епидемијата на коронавирусот коишто ги наметна конзервативната влада на премиерот Борис Џонсон.
Новата партија ќе ја поддржува политиката од коронавирусот да се штитат само оние најранливите категории, додека на остатокот од популацијата би му се дозволило да развие колективен имунитет, напишаа во недеката во колумнатата во The Telegraph, Најџел Фараж и претседателот на партијата Ричард Тајс.
Документите со коишто се бара промена на името на партијата предадени се на Изборната комисија, додаваат авторите.
Партијата Брегзит, Фараж ја основаше на почетокот од 2019 година, додека годините кои ги мина на чело на UK Independence Party (UKIP) заложувајќи се против членството во Европската унија одиграа голема улога во покренувањето на референдумот во јуни во 2016 година со кој Обединетото Кралство гласаше за излегувањето од ЕУ.
„Покажуваме храброст која е потребна да се подготвиме за раширеното мислење и правата по прашањето на ковидот, Но постојат многу области од јавниот живот кои може да бидат подобрени за да бидат во полза на обичните луѓе. Така што ќе водиме кампања за партијата Reform“, напишаа Фараж и Тајс.
„Сакаме да бидеме познати како партијата Reform. Името ја отсликува амбицијата: да се реформира Обединетото Кралство“, додаваат.
Премиерот Џонсон во саботата наложи воведување нов карантин во Англија, откако Обединетото Кралство го мина прагот од милион заразени со коронавирусот, а вториот бран од епидемијата ги загрозува капацитетите на здрвавствената служба.
Обединетото Кралство има петта најголема смртност во пандемијата на коронавирусот во светот, зад САД, Бразил, Индија и Мексико.