На Фејсбук поттикнувал омраза и насилство, законски ќе одговара

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.А.(27) од село Цер, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Во период од 01 до 05.11.2023 на социјалната мрежа Фејсбук пријавениот објавувал текстови со кои промовирал и поттикнувал омраза и насилство.