На Флорида најголем дневен скок на бројот на новозаразените за над 15.000

Американската сојузна држава Флорида забележала во неделата најголем дневен раст на броjот на заразените со новиот коронавирусот за над 15.000 лица на национално ниво, а противниците носење на маските планираат протести во државите Мичиген и Мисури.

Според статистиката на министерството за здравство на Флорида 15.299 лица биле позитивни на тестовите за Covid-19, со што се вкупниот број зарази во оваа сојузна држава се искачи на 269.811 луѓе. Истовремено во Флорида се забележани уште 45 смртни случаи.

Претходно рекордните бројки на новозаразени на дневно ниво ги бележеа Калифорнија со 11.694 позитивини случаи, забележан оваа среда, додека дотогаш на врвот на оваа неславна листа беше државата Њујорк со 12.847 случаи регистрирани на 10-ти април.

Овие бројки доаѓаат на крајот од рекордно црната седмица, откако Флорида објави за 514 жртви во седум дена, или просечно по 73 дневно. Пред три седмици оваа држава имаше просечно 30 смртни случаи дневно. Од почетокот на пандемијата во март, во Флорида од Covid-10 починале 4.346 луѓе, според тамошните власти.

Истовремено во неделата противниците на носењето маски во неколку сојузни држави, вклучително и Флорида, Мичиген и Мисури, организраа протести против локалните мерки за сузбивање на заразата, со тврдењето дека се крашат личните граѓански слободи.

Бројот на новите зарази со коронавирусот расте во околу 40 американски сојузни држави, според анализата на Reuters, во последните две седмици во споредба со претходните две седмици. На ниво на целата земја, САД го соборија рекордот со околу 60.000 нови случаи дневно четири денови по ред. Бројот на хоспитализациите и позитивните тестови на коронавирусот расте и во Аризона, Калифорнија, Флорида и Тексас.