Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку прес- конференција откри дека во ГОБ 8 септември има заболено еден доктор, седум медицински сестри како и лица од техничката служба на оваа болница.
Тој додава дека и на ГАК има заразено една медицинска сестра и еден техничар.
Со ова бројката достигнува на 11 заразени здравствени работници.
Филипче на пресот изјави и дека вториот бран е резултат на непочитување на мерките, обвинувајќи ги граѓаните за своето несовесно однесување.