Пари во соработка со платформата за бонитетни информации БизнисМрежа.мк, ги промовираше 100-те најголеми компании во Македонија рангирани според нивните остварени вкупни приходи и добивка.
Денес Ви ја претставуваме листата на 100-те најголеми работодавачи во Македонија за 2021-та година. Овие компании се ТОП 100 НАЈГОЛЕМИ според бројот на вработени.
Проектот „100 Најголеми“ содржи три категории – најголеми компании по приходи, добивка и број на вработени. Целта на проектот „100 Најголеми“ е да допринесе кон развој и јакнење на позитивната деловна клима низ промоција на позитивната деловна пракса на најголемите компании по приход, добивка и број на вработени.
Ви напоменуваме дека предмет на рангирањето на 100 НАЈГОЛЕМИ се компаниите – трговски друштва во приватна сопственост. Ранг листата не вклучува правни лица, банки, осигурителни компании, државни институции, компании во државна сопственост и останати правни лица кои не се регистрирани согласно законот за трговски друштва.
За разлика од социјализмот кога огромните хали беа во Скопје, и во релативна близина на центарот на градот, за што се уште сведочат напуштени, или продадени објеки на чие место никнуваат висококатници, новата индустријализација која зеде замав со слободните индустриски зони, најмногу работници регрутираше токму во комапниите во овие зони. Зоните почнуваа да никнуваат во разни градови, со цел да се постигне некаков регионален равој и да се врати животот надвор од Скопје. Така, најголемите работодавачи не се во метрополата. Тие се во Кавадрци, Битола и во Кочани. Заеедничко за сите три топ работодавачи е што тие се дел од странски корпорации кои работат за светската автомобилска индустрија.
100- те НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ во Македонија лани вработиле 78.329 работници. Благодарение на нив, компаниите од различни дејности, направиле промет од 7,3 милијарди евра, а вкупната добивка им била 456 милиони евра, покажуваат податоците на платформата БизнисМрежа.мк.
Кај истите овие работодавачи, во 2020та година биле вработени 76.598 работници, односно 1.731 помалку. Во 2020 година, тие направиле вкупен приход од 6,2 милијарди евра, но притоа треба да се земе во предвид дека во 2021 година веќе почна инфлацискиот тренд, а повисоките цени, секако дека имаа влијание на зголемувањето на износот за направениот промет. Во 2020 година овие компании направиле добивка од 350 милиони евра, што значи дека лани компаниите биле попрофитабилни за дури 156 милиони евра.
Целата ранг листа погледнете ја ТУКА