Непознати напаѓачи убиле во средата од заседа пет нигериски и тројца американски специјалци во близина на границата со Мали, во текот на заедничка патрола на југозападот од Нигер, потврдија амрикански и нигериски функционери.
Нападот се случил во текот на рутинска патрола во областа за којашто е познато дека има бунтовници на групацијата Ал Каеда во исламскиот Магредб (AQIM) и на Исламската држава, соопштил неименуван американски функционер на агенцијата Reuters.
Портпаролот на американската команда за Африка го потврдил нападот откако француското радио Radio France International (RFI) известил за смртоносна заседа во близина на границата.
Африканските безбедносни сили со поддршка на западни единици ги засилуваат напорите да им се спротистават на џихадистичките групации кои се дел од растечкиот бунт во сиромашните и слабо населени пустини Сахел.