Спасувачките служби во понеделникот ангажираа таканаречени „стаорци-рудари“, луѓе кои ќе пробијат низ тесната цевка и ќе копаат за да ослободат 41 градежен работник заробени повеќе од две седмици во урнатиот тунел на индиските Хималаи.
Работниците со ниски плати од најсиромашните држави во Индија се заробени во тунелот долг 4,5 метри во сојузната држава Утараханд од 12 ноември кога се урна. Мажите добиваат храна, вода, светло, кислород и лекови преку цевки, но досега не успеаја напорите да се пробијат до нив, дури и со помош на машини кои беа оштетени во тие обиди.
Ископувањето во цевката долга 900 милиметри ќе го направи група од шест „староци-рудари“ од централна Индија, опишани од официјалните лица како „квалификувани работници“.
„Староското рударство“ е примитивен, опасен и контроверзен метод кој се користи во Индија првенствено за извлекување јаглен низ тесните премини. Името на методот доаѓа од сличноста со стаорците кои се пробиваат низ тесните премини, пишува агенцијата Reuters.
„Тројца од нас ќе влеземе во тунелот, едниот ќе дупчи, вториот ќе ја собере калта, а третиот ќе го турка со количка. Ова го правиме повеќе од 10 години и има повеќе од доволно простор за сите нас. Тие 41 маж се исто така работници и сакаме да ги извадиме“, опишува Ракеш Рајпут, еден од рударите.
Владата и приватните агенции вклучени во спасувачката операција се одлучија за други опции. Во неделата отворија уште една рута до работниците, пробивајќи окно вертикално од врвот на планината.
До понеделник попладне тие навлегле во 31 од вкупно 86 метри длабочина, рекоа официјалните лица, додавајќи дека фокусот сè уште е на хоризонталната рута.