На инфективните одделенија се лекуваат 768 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 768 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 72 пациенти позитивни и суспектни на Covid-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 82 пациенти позитивни и суспектни на зараза со коронавирусот.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 93 во ковид центарот во Гостивар 73, а во Струга 40 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 18 во Кичево 18, Кавадарци 51,  во  Гевгелија 13 лица, а во Дебар 7 позитивни  и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1238 и има околу 270 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.