Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ Македонија е пријавено дека се лекуваат вкупно 253 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 8 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 43 пациент позитивeн и суспектни на Ковид 19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 17, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациент, во Кочани 7 во Кичево 6, Кавадарци 7, а во Гевгелија 3 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 422 и има околу 470 празни болнички кревети во ковид центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 169 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало едем прием.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациент 37.
Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 35 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 62 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 72 пациенти. Вкупно 169 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.