Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 170 пациенти, а вкупната бројка пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 298 и има околу 570 празни болнички кревети во ковид центрите.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни, а во Куманово 32 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 15, во ковид центарот во Гостивар 2, а во Струга 9 болен.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани 4 во Кичево 7, Кавадарци 4, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.