На Италија ѝ се потребни најмалку три години за замена на рускиот гас

На Италија ќе ѝ бидат најмалку три години гасот увезен од Русија во целост да го замени со други извори на енергија, изјави во четвртокот министерот за еколошки транзиции Роберто Чинголани.

Италија од Русија увезува околу 30 милијарди кубни метри гас годишно, околу 40 отсто од вкупниот увоз на овој енергент, а по руската воена операција во Украина, следејќи ги определбите на Западот, забрзано трага по нови извори за снабдување.

Италијанскиот министер изјави во средата во горниот дом на парламентот дека целосната замена на рускиот гас е „можна дури во временскиот хоризонт од најмалку три години“.

Додеде, сепак, дека 20 милијарди кубни метри гас би можело „краткорочно до среднорочно“ можат да се заменат со низа мерки, издвојкувајќи поголем увоз од Алжир, за 9 милијарди кубни метри годишно.

Дополнително е можноста поголема за производство електрична енергија со користење на јаглен и нафта, што би заменило 3 до 4 милијарди кубни метри гас, истакна Чингалони.

Другите мерки би вклучиле зглемување на увозот на електрична енергија од северна Европа и набавка дополнителни 6 милијарди кубни метри течен природен гас (LNG). Во фокусот е насочувањето на LNG од Катар, богат со гас.

Сложениот процес на издавање дозволи практички ја запре изградбата на LNG постројки, па Италија во моментов има само три, со петтина удел во дневниот увоз. Пловечките LNG терминали би можели да бидат инсталирани за година до година и половина, по обезбедувањето на потребните дозовли, а би осигурале 16 до 24 милијарди кубни метри гас, рече италијанскиот министер.

„Два терминала на копно со вкупен капацитет од 20 милијарди кубни метри гас веќе обезбедија дозволи, а ќе почнат со работа за три до четири години. Го проверуваме статусот на дозволите за да ги достигнеме овие нивоа“, додаде Чинголани.

Долгорочните мерки вклучува удвојување на капацитетит на Трансатлантскиот гасовод (Trans Adriatic Pipeline – TAP) преку кој во Италија се испорачува гасот од Азербејџан, инсталација на 8 гигавати нови капацитети за обновлива енергија годишно и удвојување на домашното производство на гас, додаде Чинголани.

Како и другите земји на членки на ЕУ, и Италија се обидува да ги заузди растечките трошоци за енергијата. Владата во Рим има намера подоцна во четвртокот да го одобри новиот пакет помош за потрошувачите и компаниите кои се најтешко погодени од поскапувањата.

Чинголани во парламентот рече дека владата планира да ги намали акцизите на бензен и дизел и да го ублажи ударот врз државните финансии со поголеми приходи од ДДВ-то. Истакна и дека во ЕУ во моментов се разговара за низа предлози за прилагодување на прописи за државните поддршки, вклучително поголеми даноци на огромната добивка на енергетските компании и привремено ограничување на големопродажните цени на гасот.