Албанската Централна изборна комисија излезе со првите податоци за излезноста на локалните избори, кои започнаа денеска во 07:00 часот наутро.
Според Комисијата до 11:00 часот одѕивот низ цела Албанија е 12 проценти, пренесува албанскта телевизија А2.
Централната изборна комисија информираше дека сите избирачки места се отворени низ целата земја, со исклучок на 7 гласачки места во регионот на Скадар. Од нив, на 6 гласачки места сè уште не започнало гласањето, додека на едно гласачко место бил запален изборниот материјал.
Албанските медиуми јавуваат и за изборен инцидент кој бил регистриран на едно гласачко место во Драч. Според полицијата, 53-годишен маж влегол со оружје во избирачко место, и се заканувал на комисијата, ја скршил гласачката кутија, но бил уапсен на лице место, пренесува Топ Чанел.