На Копаоник пола метро снег

Копаопник затрупан во снег, според српски Танјуг, дебелината на снежната покривка изнесува 49 сентиметри.

Српските метеоролози истакнале дека врнежите на снег престанале.

„Снегот престана да паѓа околу 11 часот кога беше измерена температура од минус еден степен“, рекол за Танјуг дежурниот метеролог Милан Дубовац, кој додал дека на планината дува ветер со брзина од пет до осум метри во секунда.

Во Србија денеска е претежно облачно, наместа паѓа дожд, а на високите планина паѓа снег.