На Корзика тројца загинати во налет на урагански ветер

Три лица, меѓу кои девојченце и повозрасна жена, загинале во налет на ветер со ураганска сила кои во четвртокот ја погодил Корзика, и околу 45.000 домаќинства останале без струја, соопштија властите.

Градот, силниот дожд и ветрови чијашто максимална брзина достигнувала 224 километри на час, го зафатиле францускиот остров, додека во делови од земјата кои беа погодени од низата топлотни бранови и силни суши, наврнало повеќе дожд за само неколку часа отколку вкупно во последните неколку месеци.

На Корзика, која е посетувана туристичка дестинација, 13-годишно девојче загинало кога стебло во кампот во кој била сместена, а 72-годишна жена смртно настрадала кога врз нејзиниот автомобил паднал покрив од колиба на плажа, прецизираа властите,

Најмалку 12 лица се повредени на островот, а на морето траат операции за спасување.

Во континенталниот дел на Франција, пак, околу 1.000 домаќинства останале без електрична енергија, откако бурата ги погодила јужните департманите Лоара и Ен, објави операторот „Enidis“.

Во средата ноќта улиците во Марсеј биле поплавени, а потоци вода се слевале низ скалилата во ридестиот пристанишен град.