Најкусaта меѓународна авионска линија – за помалку од 10 минути

Летот меѓу карипскот остров Ангвила и Сен-Мартен трае околу осум минути, што го прави во моментов најкусата меѓународен авионска линија на светот, пренесува CNN.

Летот ја спојува британската прекуморска триторија, островот Ангвила, чијашто површина изнесува малку повеќе од 100 квадратни километри и 7,2 километри оддалечениот остров Сен-Мартен, чиј северен дел ѝ припаѓа на Франција а јужниот на Холандија.

Капетанот Карл Ејвери Томас, сопственик на компанијата „Anguilla Air Services“, којашто единствена нуди редовни летовои меѓу двата острова, вели дека одржување на воздушните верски е исклучутелно важно за мали остров каков што е Ангвила. Повеќето семејства таму имаат барем еден член кој работи во туризмот, од кој островот многу зависи.

„Не можете да прромовирате дестинација со пет ѕвездички, како што е Ангвила, без аеродром. Кога до островот би можеле да дојдете само со брод, не мислам дека тоа би било добро за нас“, вели Томас.

Покрај во туризмот, авионскиот транспорт игра клучна улога и во давањето поддршка на локалната заедница, како што е бесплатното давање услуги во спасувањето на море, пренесувањето на медицинска опрема или на пациенти.

„Отсекогаш го правевме тоа, откако ја отворив компанијата. Вистинска радост е кога ќе пронајдеме некој исчезнат“, вело Томас чиј авион полетува веднаш кога ќе биде пријавено губењето на врска со некој рибарски брод.

Авионот никогаш не лета на височина поголема од 300 метри и дава поглед на тиркизните карипски водин, долгите и кривулести песочни плажи и луксизните приватни вили и одморалишта.