На Левандовски поради потегот со прстот му се заканува суспензија од 3 натпревари?

Барселона во 14. коло од Примера, со пресврт успеа да слави против тимот на Осасуна со 2:1.

Во 31. минута на оваа средба, исклучен беше Роберт Левандовски, најдобриот стрелец во клубот од „Камп ноу“.

Но голем проблем сега претставува потегот кој Левандовски го направил откако судијата Хесус Жил Манзано му даде црвен картон. Тој со еден прст чепкајки го својот нос, се обидел да му гестикулира на судијата дека смрди.

Овој гест сега може да му направи сериозен проблем и Роберт Левандовски да не заигра за Барселона дури по нова година.

Според последните информации од Шпанија, на полскиот интернационалец му се закануваат 3-4 натпревари суспензија или казна од еден месец неиграње. Тоа ќе се случи ако дисциплинската комисија утврди негова вина и откривање на гестот на Полјакот, дали сакал да му каже на судијата дека навистина смрди.