Вкупно 1.303 повици на телефонската линија Ало докторе биле регистрирани во текот на изминатата недела.
Откако е започната со работа на телефонската линија за медицински совет 02/15 123 се евидентирани вкупно 64.507 повици.
Линијата е достапна секој ден со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
Достапни за совет се дваесет и пет лекари, а повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за главоболки , респираторни симптоми, покачена телесна температура, за сезонски вируси, кашлици предизивикани од променливите временски услови т.е. од наглото опаѓање на температурите карактеристични за овој период од годината .
На сите оние лица кои имаат побарано медицински совет на телефонската линија Ало докторе им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија .