
Англиската фудбалска федерација можеби ќе мора да го исфрли Ливерпул од Карабао купот,, познат и како Лига куп, доколку се утврди дека на натпреварот против Милтон Кејн Донс, клубот користел играч кој немал право на настап.
Ливерпул на мечот со МК Донс славеше со 2:0 и во осминафиналето на 28 октомври треба да игра со Арсенал, но тимот на тренерот Јирген Клоп можеби ќе биде елиминиран поради административен прекршок или да мине само со парична казна.
Не е објавено кој играч е спорен, бидејќи на таа средба во почетниот состав на Ливерпул се појавија четворица младинци.