На локалните избори во Италија зајакна Лига

Десната противдоселеничка италијанска партија Лига силно зајакнала на локалните избори во понеделникот, а и нејзиниот коалициски партнер во владата антиестаблишмент и евроскептично Движење пет ѕвезди имаше проблеми, додека левиот центар продолжи со загубите.

Околу седум милиони Италијанци во неделата можеа да гласаат на локалните избори на коишто се изјаснуваа за градоначалници на 760 италијански градови, меѓу кои и на 20 покраински главни градови. Доколку ниеден кандидат не успее да оствари 50 отсто од гласовите, вториот круг од изборите ќе се одржи на 24-ти јуни.

Кандидатите коишто ги поддржува Лига со големо мнозинство победија во североисточните италијански градови во Тревизо и Виченца и во многу градови во коишто моментално се на власт градоначалниците од левиот центар.

„Многу сум задоволен бидејќи успеавме да добиеме мнозинство во градовите во коишто тоа за нас отсекогаш беше тешко“, изјави челникот на Лига и сегашен министер за внатрешни работи Матео Салвини.

Конечните резултати од изборите ќе покажат како Италијанците дишат откако радикалната коалиција Пет ѕвезди/Лига, минатиот месец дојде на власт по изборите одржани на 4-ти март, ветувајќи, меѓу другото, дека ќе ги намали даноците и ќе ја зголеми потрошувачката и куповната моќ.