Најмалку 12 загинати и 87 рането е билансот од судирите кои изминатата ноќ и саботата утрото во поранешната либиска престолнина Триполи, објави министерството за здравство во најновиот бран од борбата за власт на двете ривалски влади во оваа северноафриканска земја богата со нафта.
Шест болници во Триполи биле погодени во овие судири, кои ги разгоруваат стравувањата од избувнување нова граѓанска војна во Либија која е во хаос повеќе од десет години. Откако во 2011 година со интервенцијата на НАТО беше соборен либискиот водач Моамер ел-Гадафи, разорената од војната порано богата земја во 2014 година дефинитивно се подели меѓу источните и западните ривалски фракции, а се водеа и борби со џихадистичките групации, како на пример Исламската држава која се обиде да се вкорени во земјата. Во 2020 година меѓународно признаената Влада со седиште во Триполи, која контролира помал дел од државата, и силите лојални на маршалот Калифа Хафтар, чие седиште е во Тобрук и контролира поголем дел од земјата и поголем број нафтени полиња, договорија примирје со коешто е воспоставена кревка влада на единството.
Новите борби избувнаа откако со месеци пораснаа тензиите меѓу двете влади кои се борат за контрола над земјата. Пукотниците и експлозиите се слушале во неколку квартови на Триполи ноќта кон саботата, а густ чад се издигнувал и преку денот над оштетените згради.
Двете ривалски групации меѓусебно се обвинија за најновите борби. Во медиумите и на социјалните мрежи се објавуваат снимки и фотографии од изгорени автомобили и згради изрешетани од куршуми, како и џамии и болници во пламен.
Мисијата на Обединетите нации во Либија повика на „моментален прекин на непријателствата“ и предупреди на „вооружените судири кои се во тек, вклучително и неселективно гранатирање со средна и тешка артилерија во станбени населби“ при што се оштетени болници.
Владата на национално единство (GNU), меѓународно призната а ја предводи Абдулхамид Дбеибах, наведе дека судирите избувнале откако пропаднале преговорите за избегнување на крвопролевањето во западниот град.
Но владата на Дбеибах, поставена во рамките на мировниот процес под покровителство на ОН по претходниот бран насилства, наиде на отпор на ривалската влада во Триполи, која ја води поранешниот министер за внатрешни работи Фати Башага. Башага, кого го поддржува парламентот во Триполи и воениот водач од истокот Калифа Хафтар, тврди дека на владата на GNU ѝ истекол мандатот. Меѓутоа, Башага не успеа да ја преземе власт, бидејќи Дбеибах инсистира на пренос на власта само на избрана влада.
Владата на Дбеибах го обвини Бапага дека ги „извршил своите закани“ за преземање на контролата над Триполи. Од GNU наведуваат дека се воделе преговори за „одржување избори за да се надмине политичката криза“, но дека Башага се „повлекол во последен момент“.
Башага во февруари го именуваше парламентот, кој е избран во 2014 година и со седиште во источниот град Тобрук, но тој не успеа да ја наметне својата власт во Триполи. Првично ја отфрлаше можноста од насилства, но поранешниот министер во меѓувреме навести дека би можел да употреби сила. Минатата седмица ги повика „либиските чесни луѓе“ да престанат да ја поддржуваат „застарената и нелегитимна“ влада на Дбнеибах.
Во јули во судирите на ривалските групации во Триполи загинаа 16 луѓе, вклучително и едно дете. Тоа беше најсмртоносното насилство во главниот град на Либија, по неуспешниот обид воено да го заземе во периодот меѓу 2019 и 2020 година.