Најмалку дванаесет луѓе се убиени а уште три лица се ранети во пукање во бар во градот Ирапуато, вториот по големина град во мексиканската сојузна држава Гуангхуато, соопшти тамошната полиција.
Полицијата објави на Twitter дека нејзините припадници излегле на местото на инцидентот по дојава добиена во саботата ноќта.
Се додава дека на местото на настанот било утврдено дека медицинските екипи на самото место констатирале смрт на шест жени и шест мажи.
Според првичните сознанија на полицијата, група вооружени мажи пристигнала во барот и веднаш без предупредување отворила неселективен оган врз гостите. Се претпоставува дека станува збор за пресметка меѓу локалните банди блиски до спротиставените нарко кланови.
Централната мексиканска држава Гуанахуато е водечка според бројот на целените убиства во земјата од 2018 година. Според статистиката на мексиканските власти, девет од десет убиства во ова држава се поврзаност со ривалството меѓу локалните криминални организации за контрола над територијата.
Пред две седмици сличен инцидент ја потресе државата Гуанхуато кога на базен во градот Тариморо беа убиени 10 луѓе, а уште исто толку беа ранети.
Како главни криминални активноста во оваа сојузна држава лоцирана во мексиканските низини се идентификувани кражби и криумчарење на нафта, како и растурање наркотици.
Според Секретаријатот за јавна безбедност и заштита на граѓаните на мексиканската влада, и покрај трендот на намалување на намерните убиства во Гуанахуато, таа и натаму е државата со најголема инциденца во земјата, со 2.115 жртви во периодот меѓу јануари и август годинава, што претставува 10,2 отсто од вкупниот број жртви во целата земја во истиот период.
Локалните медиуми истакнуваат дека последниот масакр од саботата го одразуваат насилниот бран во Мексико, кое бележи 33.308 убиства во 2021 година, по двете најнасилни години во нејзината историја, во мандатот на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, со 34.690 жртви на убиства во 2019 година и 34.554 во 2020 година.