Најмалку 12 лица загинаа, а 65 се повредени во експлозијата што се случи денеска недалеку од главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго, соопштија локалните власти.
Околу 55 лица се водат како исчезнати, јавува Си-Ен-Ен. Експлозијата се случила во близина на трговски центар во општината Сан Кристобал, западно од Санто Доминго.
Целосно се уништени три згради. На терен се 20 возила на Итната помош и 14 возила на противпожарната служба.