Најмалку 13 жандарми убиени во напад на милитанти во Буркина Фасo

Најмалку 13 жандарми биле убиени во неделата во напад од заседа во северниот дел од Бурина Фасо, пренесува во понеделникот агенцијата AFP повикувајќи се на безбедносни извори.

Според информациите, групата припадници на националните безбедносни сили била нападната од засега во близина на рудникот Тапарко. Прелиминарните сознанија се дека покрај 13-те загинати, уште неколку жандарми се водат како исчезнати.

Овој напад во областа позната по рудниците на залто на северот на Буркина Фасо е веќе трет за помалку од една седмица. На 10-ти марти во областа Сејтенг неидентификуван група уби десет лица, а на 12-ти март 30-ина милитанти влегле во руднич убивајќи 11 лица. Притоа напаѓачите со себе однеле вредни предмети кои се наоѓале во производствените погони.

На територијата на оваа западноафриканска земја последните години засилено дејствуваат вооружени групи, од кои некои изразија лојалност на Ал Каеда а други, пак, на Исламската држава.

Иако долги години беше поштедена од нападите, од 2015 година Буркина Фасо бележи постојан и голем раст на теророт на џихадистичките милиции. Повеќе од 1,2 милиони луѓе се внатрешно раселени поради насилствата од разните исламистички милитантни групации, според податоците на Обединетите нации.