Најмалку четиринаесет европски земји оваа седмица имаа рекорден број дневни хоспитализации поврани со новиот коронавирус SARS-CoV-2, покажуваат официјалните податоци кои ги собрала и анализирала агенцијата AFP.
Податоците за бројот на болничките кревети кои во моментов ги заземаат пациентите со Covid-19 објавиле 35 од 52 европски земји и териротии на кои живеат 470 милиони жители, или 55 отсто од населнието.
Повеќето земји од Европската унија ги објавуваат овие податоци, освен Германија, Шведска, Грција, Литванија и Малта.
Меѓу земјите кои овие денови имале досега најголем број хоспитализации се Полска во 14.631 пациент, Чешка со 6.604 и Белгија 5.924 пациенти. Зад нив се Унгарија, Бугарија, Португалија, Австрија, Словачка, Хрватска, Словенија, Албанија, Латвија Исланд и Гибралтар, според најновите достапни податоци.
Во однос на бројот на населението, во моментов најпогодена е Чешка со 62 пациенти на 100.000 жители, па следат Романија со 57, Белгија со 51 и Полска со 39 хоспитализирани пациенти.
Франција со 21.160, Шпанија со 17.520, Украина со 16.332 и Италија со 15.964 се на врвот од листата кога станува збор за вкупниот број пациенти кои поради Covid-19 се примени во болница.
Ширум Европа се очекува пораст на бројот на хоспитализираните пациент. Во 35 земји од кои се собирале податоците, во моментов има повеќе од 135.000 заболени од Covid-19 кои се на болничко лекување, а пред една седмица имапе помалку од 100.000.
Меѓу земјите со најмаплу 200 пополнети болнички постели, најголем пораст во однос на минатата седмица имаат Србија со плус 97 отсто, Белгија со плус 81 отсто, Австрија со плус 69 отсто и Италија со плус 65 отсто.
Единствено Црна Гора во споменатиот период забележала пад од минус 16 отсто на хоспитализираните заболени, по рекордниот податок забележан пред десет дена.
Иако Франција сѐ уште не го достигнала нивото на хоспитализации од парли, кога имаше 32.131 пациент на 14-ти април, бројот на пациенти на болничко лекување во оваа заемја остро расет со плус 50 отсто во една седмица, од кои 21.160 на 29-ти октомври.
Агенцијата France Presse ги собирала и анализирала податоците од следните 35 земији и територи во Европа: Македонија, Албанија, Андора, Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Данска, Естонија, Шпанија, Финска, Франција, Гибралтар, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Италија, Летонија, Луксембург, Монако, Црна Гора, Норвешка, Холандија, Полска, Португалија, Чешка, Романија, Велика Британија, Сан Марино, Србија, Словачка, Словенија, Украина и Ватикан.