Најмалку 14 убиени во напад врз црква во Буркина Фасо

Најмалку четиринаесет лица се убиени во напад на засега неидентификувани лица врз протестантска црква во Буркина Фасо, пренесува во неделата локалниот информативен портал Infowacat повикувајќи се на извори во регионалните безбедносни сили.

Според извештајот на порталот, група вооружени лица влетале во црквата во општината Футури, во регионот Ест, во неделата утрото во текот на богослужбата и отвориле оган врз верниците.

Покрај тоа, непознататата група ги нападнала позициите на безбедносните сили во областа каде што се наоѓала црквата и притоа убила тројца војници.

Нападот и бројот на убиените за агенцијата Reuters го потврдил претставник на локалните власти кој зборувал под услов да остане анонимен. Додал дека сѐ уште не е јасна припадноста на вооружените лица и оти се очекуваат да се добијат дополнителни поединости за нападот.

Областа во која е изврешн нападот е позната по нападите од минатата година кои ги изведуваат џихадистички групи поврзани со Ал Каеда и Исламска држава. На 6-ти ноември вооружени лица нападнаа конвој автобуси кои превезиваа рударски работници на канадска компанија, кога беа убиени 39 луѓе.

Времето во кое е изведен нападот, во текот на литургиите, е слично на другите напади врз христијаните оваа година, што е нова појава во западна Африка, особено во Буркина Фасо која долго време се гордееше со својата меѓуверска толеранција,

Годинава исламистичкиот бунт во Буркина Фасо ги разгори етничките и религиозните тензии во голем дел од земјата, а особено е тензично во северните области кои граничат со Мали. Поради тоа, земјата која некогаш беше сметана „оаза на мирот“ во регионот по стотиците убиени изминатите две години, милион луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.