Најмалку 15 ракети се истрелани во саботата врз воздухопловната база Аин Ал-Асад во западен Ирак, којашто ја користат американските сили, известува AFP повикувајќи се на лолкани безнедносни извори.
„Воздухопловната база Аин ал-Асад беше погодена од 15 ракети истрелани од провинцијата Анбар“, изјавил за AFP претставник на локалната полиција кој сакал да остане анонимен. поред него, 13 гранати биле соборени од системи за противвоздушна одбрана, но „две паднале врз воздухопловната база“.
Друг анонимен извор од американското Министерство за одбрана потврдил за агенцијата дека во тек е заедничка проценка на штетите со коалициските и ирачките сили. Еден припадник на ирачките безбедносни сили е тешко ранет, рекол.
Претходно ирачката агенција Shafaq, повикувајќи се на безбедносен извор, објави дека американската воздухопловна база Аин ал-Асад во провинцијата Анбар во западен Ирак била под ракетен напад. Ракетите биле истрелани од областа ал-Багдади во Анбар, рече изворот.
Според локалниот телевизиски канал Al Hadath, базата била нападната со повеќе од разни проектили, кои биле најверојатно истрелани од ирачките шиитски милиции кои тесно соработуваат со Иран. Во информацијата се додава дека ирачките безбедносни сили во моментов ја пребаруваат локацијата од каде што, како што се претпоставува, бил отворен ракетниот бараж врз американската база.
Од почетокот на заострувањето на палестинско-израелскиот конфликт, базите на САД кои ја предводат меѓународната коалиција во Ирак, како и американските војници во Сирија, редовно се напаѓаат, за што одговорноста ја преземаат вооружените шиитски групи кои дејствуваат во Ирак.