![haiti brodska nesrekja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/haiti-brodska-nesrekja.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Седумнаесет лица загинале откако брод со повеќе десетици мигранти од Хаити се превртел близу брегот на Бахамите, соопштија тамошните власти во неделата во периодот кога се засилиле обидите на Хаиќаните бегајќи пред насилството на бандите и сиромаштијата да стасат во САД.
Офицер на Кралските одбранбени сили на Бахами за весникот The Miami Herald само го потврдил превртувањето на бродот во близината на Њу Провиденс и „истрга којашто е во тек“.
Меѓутоа, порталите Nassau Guardian и Eyewitness News Bahamas известуваат дека министерот за имиграции Кит Бел потвдил дека најмалку 21 лице е спасено а дека 17 загинале, а сите биле државјани на Хаити. Според него, трагедијата се случила околу 1,30 часот по локално време во неделата, или 7,30 часот по македонско време.
Пранатоварените бродови се смртоносна опасност за Хаиќаните кои сакаа да побегнат од политичката, економската и безбедносна несигурност во нивната татковина. Американската крајбрежна стража објави дека од ланскиот октомври досега на морето пресретната или вратила повеќе од 6.100 жители на Хаити, што е најголемата бројка последните дваесет години.