Најмалку 17 загинати во автобуска несреќа во Грузија

Најмалку 17 лица загинале во сообраќајна несреќа на минибус во североисточниот дел на Грузија, соопшти во неделата вечерта грузиското министерство за внатрешни работи.

Во објавата на министерството се наведува дека минибусот паднал во бездна од височина од 80 метри, во облста на грузиското село Шатили, или Хевсурети, во региониот Мцхета-Мтинаети.

„Според информациите кои ни се достапни до овој момент, во несреќата загинале 17 лица, а уште три се тешко поврдение“, соопшти министерството за внатрешни работи.

Грузиските медиуми наведуваат изјави на очевидци според кои минибусот се движел со голема брзина и се забил во оставен автомобил на патот, по што паднал во бездната.

Во медиумските извештаи се наведува и дека најголем број од патниците биле жени, а дека имало и еден државјанин на Канада. Официјално засега не се потврдени овие информации.