
Најмалку 20 луѓе загинаа а уште 40 други се ранети во експлозија на автомобил бомба во сомалиската престолнина Могадишу, пренесе во петокот интернет изданието Garowe Online.
Според информацијата на изданието, експлозијата се случила во близина на популарниот ресторан во петокот вечерта во близина на пристаништето на Могадишу.
Очевидци за англиското издание на Garowe Online рекле дека експлизијата одекнала пред влезот во ресторанот во правецот на пристаништето, една од најфреквентните улици во Могадишу, преполна со продавници и деловно објекти.
„Возилото натоварено со експлозив се случи пред ресторанот Лул Јемени во 20,10 часот по локално време, кога повеќе гости имало на вечера“, изјавил полициски функционер барајќи да остане анонимност.
Од силината на детонацијата била урната станбена зграда во близина, каде што се претпоставува дека имало многу луѓе, а во меѓувреме започната е операција за извлекување на настраданите од под урнатините.
Медицински извори изјавиле дека во Могадишу соопштиле дека најмалку 40 лица се примени во билниците во градот во експлозијата на автомобилот-бомба.
Експлозијата во главниот град на Сомалија одекна само неколку часа по завршувањето на третиот круг од разговорите меѓу премиерот и опозициските кандидати кој не даде резултати.
Исламистичката групација Ал Шабааб ја презема одговорноста за најновиот напад со автомобил-бомба врз хотели и ресторани, кои ги постетуваат пратеници, државни службеници, странски дипломати и елитата во Могадишу.
Претходно во четвртокот вечерта припадници на Ал-Шабааб упаднаа во главниот затвор во градот Босасо во провинцилата Пантленд, ослободувајќи многу осуденици, главно нивни соборци.
Политичките аналитичари сметаат дека исламистичката бунтовничка организација презема акции кои загрижуваат откако голем број милитанти бегајќи од американските воздушни напади во нивните рурални бази на југот од земјат, сега стасале во Могадишу каде што операциите на САД не се изведуваат. Кон средината на ланскиот јануари САД ги повлека своите копнени трупи од Сомалија и воспоставија бази во соседните Џибути и Кенија, од каде ги продолжија нападите со беспилотни летала.
Исламистичката група ал-Шабаб (Движење на младите муџахедини), за која се претпоставува дека има меѓу 5 и 9.000 борци, владините сили со помош на странските сили ја потиснаа од сомалиската престолнина Могадишу во 2011 година, а следната 2012-та и од провинцијата Кисмају. Сепак, припадниците на оваа групација која порано беше поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, а последните години одржува врски со џихадистите од Исламската држава, и натаму напааѓаат владини и странски цели во Сомалија. Напади извршуваат и во соседна Кенија, како одмазда поради тоа што војската на оваа земја учествува во мировната операција на Африканската унија (AMISOM) во Сомалија so 20.000 војници на страна на владата во Могадишу.